fbpx

Славица е во финалето на „Ѕвездите на Гранд“: Одиме на победа!

Славица Ангелова се пласира во големото финале на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младата струмичанка е се’ поблиску до триумф откако со својот глас и изведба уште еднаш покажа како се пее и докажа дека вреди да се најде меѓу најдобрите на ова натпреварување.

Ангелова има искуство на оваа сцена откако претходно учествуваше и во шоуто „Неки нови клинци“. За свој ментор го одбра рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.

„Ми претставува голема чест. Морам да ти кажам дека од Џејла Рамовиќ се нема никој појавено, барем што се однесува до мене, кој толку ме има изненадено и усреќено. Навистина ти се радувам“, ѝ порача тогаш Ѓорѓе Давид.

Славица, инаку студентка на медицинскиот факултет, на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.

Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст. „Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.

Ние ѝ посакуваме многу среќа во понатамошното натпреварување. Веќе покажа дека е еден од најсериозните кандидати за победа.

Следни Објави

Максим Димитриевски ја покажа ќерката: Вероника е матурантка (ФОТО)

Среќно семејство Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, сподели радосна вест на социјалните мрежи. Тој објави фотографија со целото негово семејство, а поводот е матурата на неговата ќерка Вероника. „Наша матурантка. Среќна матура, Вероника! Да ни се живи и здрави сите матуранти!“ напиша Димитриевски на „Фејсбук“.