fbpx

По Петровден доаѓа Павловден: Ова никако не смее да ви се случи!

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Следни Објави

„Каде се милите раце да ме прегрнат..“: Зборовите на мајката на убиениот Далибор ја кршат душата

Се огласи мајката на 25-годишниот Далибор Тодоровиќ од српското село Дубона, момчето кое беше жртва во крвавиот поход кај Младеновац. Таа на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија под која напиша трогателни зборови. „Зошто не доаѓаш, каде се милите раце да ја прегрнат мајка? Каде се милите очи мајкини, на […]