fbpx

„Каде се милите раце да ме прегрнат..“: Зборовите на мајката на убиениот Далибор ја кршат душата

Се огласи мајката на 25-годишниот Далибор Тодоровиќ од српското село Дубона, момчето кое беше жртва во крвавиот поход кај Младеновац.

Таа на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија под која напиша трогателни зборови.

„Зошто не доаѓаш, каде се милите раце да ја прегрнат мајка? Каде се милите очи мајкини, на кој пат се и на кој километар… Па, да тргнам таму и да ми биде убаво. Да ми биде убаво кога ќе го видам син ми, моето слатко сонце, да ми се насмевне, да ми каже „здраво“ кога ќе ја отворам вратата, неговата насмевка да ме утеши. Во истиот миг би му простила што долго го нема, што не ми се јавува. Што насекаде ме следи само мила сенка и што мајка си така ја заборави. Знам дека ќе го барам цел живот. Повторно ќе се сретнеме еден прекрасен ден. Мојот ангел ќе ми ја отвори вратата и дури тогаш ќе бидам среќна и насмеана“, напиша таа.

Инаку, осомничен за масакрот кај Младеновац е 21-годишниот Урош Блажиќ кој ноќта меѓу 4 и 5 мај со истрели од автоматска пушка уби осум лица, тешко и лесно рани 14 од нив од кои едно лице во меѓувреме почина.

Блажиќ по апсењето го призна делото. Се товари за пет кривични дела-тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило.

Следни Објави

Ја сликал ќерка си: Кога ја погледнал фотографијата се шокирал! (ФОТО)

Само еден детаљ на овој човек му го обележи одморот засекогаш Кога со семејството заминал на одмор во Јапонија, овој маж не ни претпоставувал дека од корен ќе му се промени животот. За време на една туристичка прошетка одлучил да ја фотографира својата петгодишна ќерка, а кога се вратил дома […]