fbpx

Помолете се за Петровден: Еве што мора да направите!

Го славиме Петровден, еден од најголемите празници по Велигден што секоја година се одбележува на 12 јули. 

Празникот е посветен на Апостол Петар, а именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра, Петруна, Петранка…

Петровден повеќе се смета за црковен празник. Постарите луѓе одат во црквата, а кој го практикувал Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија. Еден од најзначајните настани на Петровден е токму почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, мештаните оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира.

Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично.

Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да биде цела година блага како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави.

Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам“ се молеле за дожд.

Следни Објави

По Петровден доаѓа Павловден: Ова никако не смее да ви се случи!

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика […]