fbpx

Безобразна жена ја крена на нозе јавноста: Мој е летниковецот, си го резервирав! (ВИДЕО)

Вистинска непријатност денеска доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет.

Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.

Со висок тон им дава на знаење дека нејзиното дете тука ќе славело роденден и дека летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, наводно ѝ бил резервиран.

Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?

– Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир.

– Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се’.

Вака тече комуникацијата меѓу репортерката на Алфа и некиултурната госпоѓа.

Видеото стана вирално. Однесувањето на жената веќе го осудија и повеќе јавни личности кои се исклучително влијателни на социјалните мрежи.

„Телевизиска екипа снима прилог за проблемите на децата со дијабет. Одбрале да снимаат во парк во еден летниковец, интервјуираат родители на детенце со дијабет, тежок и тажен муабет. Одеднаш доаѓа некоја госпожа што решила да слави роденден на летниковецот кој е на сите нас и ги брка луѓево, она имала резервирано. Не знам каде се резервира летниковец за прослави, најверојатно никаде. Видно вознемирена ко да и дошле дома, им се дере што они уште седат, а она има тука за спремање. Овие културни и со една тага станаа и си отидоа, не се спуштија на нејзино ниво. Како вака дозволивме да згазат простаците? Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес“, напиша Ина Многуфина.

Следни Објави

Финансиски прилив за овие граѓани: Парите ќе им легнат на сметка најдоцна до петок

Просперитет и огромен финансиски прилив.. Реномираниот руски астролог Павел Глоба ова им го предвидува на следниве граѓани. Само на припадниците на три знаци во зодијакот неделава ќе им се исполни се’ што ќе си зацртат. Се разбира, в предвид се земаат оние реални желби и очекувања. РАК Ги очекува значителна […]