fbpx

Ова беше една пеколна година: Се огласи македонската новинарка, проговори за болеста

Бисера Јордановска, новинарка и поранешна директорка на Алсат-М, сподели две емотивни фотографии на „Инстаграм“.

На првата позира пред роденденска торта и на следбениците им откри дека наполнила 43 години, а на втората напиша трогателна порака.

„Ова беше една пеколна година, но јас сум тука“, напиша Јордановска која е сопруга на поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири.

На фотографијата е истакната розовата панделка, како симбол за подигнување на свеста за ракот на дојка.

Дека Бисера се соочува со здравствени проблеми јавно проговори нејзиниот сопруг Мухамед кога во ноември во завршните зборови во кривичната постапка против него кажа дека таа минува низ тежок период.

Бисера и Мухамед се венчаа кон крајот на 2019 година и потоа ја добија ќерката Далија. Од претходен брак таа има син, а тој две ќерки.

Следни Објави

Михајло е пронајден мртов: Што се случува со Јањуш?

Михајло Јањушевиќ, брат на кошаркарот и ѕвезда од српските реални шоуа Марко Јањушевиќ-Јањуш, е пронајден мртов. Не се познати детали за смртта, но се шпекулира дека се работи за самоубиство. Михајло живееше сосема поинаку од неговите двајца постари браќа Марко и Борис. Тој беше активен на платформа за возрасни, каде […]