fbpx

В недела е Огнена Марија: Еве што не треба да правите на овој посебен ден!

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот Света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Овој празник се смета за многу почитуван, особено меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.

Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник.

Света маченица Марина е по потекло од Антиохија, се крстила во 12 година и рано останала без мајка, а татко ѝ, кога дознал дека е христијанка ја истерал од дома.

На пат од Антиохија таа го сретнала епархот Олимврија кој тргнал да ги гони христијаните. Бидејќи го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да ја изложат на најлоши маки.

Огнена Марија некои православни семејства ја одбележуваат како света слава. Моштите на оваа светилица почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонд над Охридското Езеро.

Следни Објави

Ја изневеруваше сопругата со оваа жена: По аферата Весна заврши во болница (ФОТО)

Оливер Драгојевиќ почина во Сплит пред пет години. Легендарниот пејач позади себе ги остави сопругата Весна со која беше 44 години во брак и синовите Дино, Дамир и Давор Животот на Оливер Драгојевиќ беше полн со контроверзии. Публиката ја освојуваше со романтичните далматински шансони, а неговиот љубовен живот беше прилично […]