fbpx

Ја изневеруваше сопругата со оваа жена: По аферата Весна заврши во болница (ФОТО)

Оливер Драгојевиќ почина во Сплит пред пет години. Легендарниот пејач позади себе ги остави сопругата Весна со која беше 44 години во брак и синовите Дино, Дамир и Давор

Животот на Оливер Драгојевиќ беше полн со контроверзии. Публиката ја освојуваше со романтичните далматински шансони, а неговиот љубовен живот беше прилично бурен, иако се обидуваше да го одржи имиџот на угледен семеен човек.

Оние повозрасните ја паметат неговата афера со некогашната манекенка Бранка Мариќ која за малку ќе го чинеше развод.

„Поради стрес и нервоза завршив во болница. Долго се обидував да одгатнам зошто Оливер имаше потреба од друга жена. На крај сфатив дека се работи за негова незрелост и несигурност“, раскажа во едно интервју сопругата Весна.

Поранешната убавица Бранка Мариќ јавно призна дека била интимна со Драгојевиќ во текот на 70-тите и почетокот на 80-тите, а дека нивната афера била сериозна говори и фактот што Оливер во последен момент одлучил да не ја напушти сопругата.

„Никогаш не сум сакал да зборувам за својот живот надвор од сцената, но под некои чудни и неморални околности се најдов во центарот на еден скандал кој други го исценираа. Мојата интима е моја работа и сакам таа да остане во четири ѕида, а народот секогаш е гладен за сензација“, изјави Оливер во една прилика.

Следни Објави

Анета од „Молика“ со важна одлука по разводот: Пејачката ги изненади сите

Разводот на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“, се’ уште е топ-тема во медиумите. По 22 години заеднички живот тие одлучија да се разделат, но ќе продолжиме да ги гледаме на иста сцена до август наредната година до кога веќе имаат договорено настапи и мораат професионално […]