fbpx

Денес ја славиме Марија Магдалена: Жени, ова мора да го направите

Православната црква и нејзините верници на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена.

Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Овој празник е многу почитуван меѓу луѓето, особено меѓу жените. Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување.

По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Фото: Википедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Падна одлука! Овие граѓани да си ги проверат сметките, ќе им биде префрлен сериозен прилив до 15 август

Парите ќе им се лепат Припадниците на овие хороскопски знаци ги очекува плоден месец кога се финансиите во прашање. Во првата половина на август ги очекува сериозен прилив. Јарец Умешно ќе се справат со неколку одговорни задачи и ќе постигнат голем успех за кој ќе бидат и соодветно наградени. Најмногу […]