fbpx

Денес се слават Светите маченици Трофим и Теофил: Кажете ја оваа МОЛИТВА за спас на душата

Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган.

Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија, во 308 година.

Кажете ја молитвата!

Твоите маченици, Господи, во своите маки примија непропадлив венец, од Тебе Боже наш, зашто со Твојата помош ги победија мачители и ја уништија немоќната дрскост на демоните: спаси ги нашите души со нивните молитви. Амин

Големите учители на црквата се обидуваа да ги научат луѓето за големи вистини не само со зборови, туку и со очигледни примери. Така авва Исаија, за да ги поучи монасите дека никој нема да добие награда од Бога, кој во овој живот не се стреми кон Бога, ги одведе своите ученици на гумно, каде што еден тежок човек собираше жито.

Следни Објави

Како е можно млада жена да почине поради два литра вода? Оваа КОБНА ГРЕШКА може и вас да ве чини живот

Веста дека 35-годишна мајка на две деца починала откако испила две литри вода за 20 минути го обиколи светот. Се посомневала дека е дехидрирана, по што решила да ја задоволи жедта. Таа колабирала и никогаш не се освестила. Многумина се прашуваат како може да се случи вакво нешто, а експертите […]