fbpx

Со „Није мене душо убило“ ги освои сите: Еве како изгледа денес по несреќата што го снајде

Сите го паметат Горан Димитријадис-Дима, пејачот кој го отпеа големиот хит од деведесеттите години „Није мене душо убило“.

Сега веќе легендарната нумера се најде на неговиот деби-албум од 1994 година. По овој рефрен пејачот никогаш не успеа да го повтори успехот, па многумина се прашуваат каде е и што прави, како и зошто исчезна од музичката сцена.

Горан некое време возел такси, а главно продолжил да настапува на приватни прослави, во кафулиња и ресторани.

„Ги имав сите тие работни места без практично никакво рекламирање, само благодарение на таа песна. Инаку, никогаш не сакав да снимам по секоја цена. Не разбирам како некој продава имот за да сними цеде. Никогаш не сум ја доживувал музиката како занает“, објасни во едно интервју.

Многумина му предвидуваа блескава кариера, но тоа не се случи, а во голема мера на ова влијаеше и несреќата што го снајде, коментираат неговите блиски.

„Во 2000-та година му изгоре куќата. До темел. Ја вложи сета своја сила за повторно да создаде топол дом. На крајот изгради две куќи, со чесна работа. Затоа не вложуваше во музичката кариера“, велат тие.

Следни Објави

Во вторник е Свети Никола: Ова никако не смеете да го правите

Празникот Свети Никола, кој на 19 Декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најмасовни домашни слави што се прославуваат во Македонија. Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник […]