fbpx

Провинцијалката и нејзините градски жртви (КОЛУМНА)

Колумна објавена на болг пред цели 11 години, неверојатно актуелна е и денес. Ви ја пренесуваме интегрално, нелекторирана за да се задржи автентичноста. Секако, со неколку „биип“ на зборовите несоодветни за пошироката публика..

Скопје станува една бетонска пустина. Инвазијата на имигранти од реалицајата село-град не стивнува. И така Македонија од земја со околу 2 милиона жители, 50 % од своите широки маси ги укотви во големиот град. Секоја можна уличка, секое можно зелено паркче стана темел за нова зграда. Зграда во која ќе се накомат сељаци кои продале една нива и дел од својата планина, за мочани 40 квадрати бетон во загадениот и смрден град.

А Скопје се повеќе базди на неморална багра. Скопје веќе не е град на скопјаните а Македонија излезе дека е само таму. За жал. Дебар Маало, Маџир Маало и другите скопски маала се опколени од големите земјоделски моќници кои својот капитал наместо во нивните мали и неразвиени места го вложуваат баш во центарот на Скопје. Абе и од Саразмалино да си, ама во центар да имаш бетон!!!

Скопјаните се заробеници и заложници на бројните провинциски маси кои го запоседнаа секој агол на престолнината. Што ќе биде со Македонија??? Мисли ли некој да ги заживее малите места и да го сруши овој неморал?? До кога ќе се населува овој град? Се се плашам дека земјата ќе зине и ќе не голтне од тежина па желбата на некои да се врати 1963 ќе им се исполни. Пу јазк.

Дали сте сретнале во градов еден е*ан шалтер, да се обратите за некоја услуга, а од таму да не ве исече гордиот дијалект на некоја снаодлива сељанка која покрај тоа што се омажила (се снашла) во големиот град, туку и во рекордно време го укотвила својот снаодлив г’с на добро работно место?Јас не сум сретнал. А тие имаат посебен нух за таа работа, Вроден таленат. (Секоја чест на квалитетниот и вреден кадар).

Џабе државата отвара факултети низ источна и централна Македонија (Штип, Струмица, Велес и.т.н) кога шалтерите на тие факултети се празни а гужвите на скопските и понатаму не се намалуваат. Големата преселба на народите и понатаму трае. Говорам за трендот во последните 10-15 години кога во Скопје никнаа неколку населби со искомплексирани сељаци и напредни аграрни работници. Од нива се купува стан, а од компирот и пиперот се плаќа рата од станбен кредит. Во Скопје секој може да купи стан и да има свој дом. Секој освен скопјаните, да бидам попрецизен.
А беше некогаш Скопје ненаселена ливада, а Водно непошумена падина. Денес ледината е бетонска пустина, а шумата на Водно се сече за изградба на нови згради.

Пред малку ги спомнав оние снаодливи калаштури. Да. Тие се истренирани пред нос да им го земат дечкото на девојките од Скопје и за рекордно кратко време да паднат во очи на директорот (исто така сељак и провиницјалец) со својот дијалект, кич гардероба и заводливо фрцкање со газот качена на топук од 12 см. Тие се препознаваат од километар и веднаш се соединуваат, создаваат сојузи и заедници. Оние кои не се снаодливи, но се исто така упорни, по завршувањето на своите студии остануваат и по неколку години во градот. Плаќаат дебели кирии безделничејќи во нивното усрано Скопје се со цел  да им налета некој неиживеан чобан. Момчињата од малите градчиња не се интересни. Иако се тие чесни и вредни тие го немаат она што го бараат одреден дел на овие мали изолирани и неморални итрици.

Но, вината не може да оди колективно кај одредените дрољички од селто. Голема вина за овој нивен статус имаат и неиживеаните скопски деца кои паѓаат на заводлив танц и гу*ање спе*ма на прв состанок. А токму тие девојки од селто и не би имале причина да ги покажат своите гу*ачки способности во нивниот крај затоа што момчињата од нивниот крај не се занимливи. Тие немаат стан у Скопје или вила на Водно.. Је*ем га.. Толку за нивниот вкус и репер за љубов. (Чест на исклучоци)

Мене ме заболе дали после овој текст, некоја провинцијалка ќе ми се налути или ќе ме стаи на Delеte. Нека си ја ишкаат мувата ако си ја имаат и ако мислат дека ја имаат. Ништо не е глобално, па ни оваа појава.

Мене искрено ме заболе за девојчињата од Скопје кои се толку негувани, толку чисти и воспитани, а се сами и не можат да си најдат дечко и животен сопатник покрај овие снаодливи караконџули.
На интервју за работа, малата итрица која фрцка со газот ќе прифати да работи за неколку кратно помала плата, деградирајќи го притоа трудот и факултетот на оние кои навистина го заслужиле тоа место, без разлика од каде се.

Јас искрено се прашувам. Дали вреди небото до планината, лединката покрај реката да се остави заради блокови бетон, градски смог и трговски центри исполнети со провинскицка чобанарија? Не знам колку од вас ја имаат слушнато онаа песна ,,Село мое лепше од Париза”’, каде некој српски сељак гордо пее за својата нива, за својот трем каде сушел и пушел свинско месо. Да драги мои. Овој извесен Раде Јоровиќ е сељак во срцето и душата. И како викаат. Човек што може сам да си направи не може никој. Дали може ваков профил на човек да тера градски живот, да праи градски заебанции? Нормално дека не. Покундурчен опинок останува секогаш опинок. Џабе бегаат  тие од селото кога селото нив ги прати во корак. Дали некој ќе ме нарече сељак после тесктов? И за тоа ме заболе. Секоја чест на селаните но нивниот труд, нивниот вкусен производ нема кој да го проба. Секој е*ан клати к*р сонува да биде директор во Скопје или да има стан во Центар. Затоа нивните места тонат. Оние кои фрлија камен на својот крај во иднина ќе ме обвинуваат дека сум шовинист и мрзач на провинцијалци. Кој ги е*е. Имаат мозок, нека ја барааат поентата. Таа е јасна ко ден.

Јас на пример од тоа немам комплекс. Ги давам моите е*ани 40 квадрати бетон изложени на сонце, у замена за една колиба покрај река, под некое темно сино и ѕвездено небо. А да. Со мене ќе си ја понесам и мојата  сакана сопруга скопјанка. Јас сум спремен на тој чекор. Да бидам избеглица од градот погоден од провинциска  елементарна непогода. Да избегам од џганот и од неприродниот људски микс..

Извор: Комита.мкд

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Чувате храна во празни кутии од сладолед? Престанете веднаш!

Ако чувате кисела или мрсна храна во несоодветна амбалажа, во неа може да се пренесат некои штетни состојки, што воопшто не е добро По правило, пластичната амбалажа за еднократна употреба не треба да се чува, а на некои ознаки треба да се посвети посебно внимание. Пластичната амбалажа за храна и […]