fbpx

Татко ѝ ја силува, сестрите ѝ починаа, брат ѝ загина: Животот ѝ беше пекол, прерано почина

Во август 2022 година почина холивудската актерка Ен Хеч која настрада во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удри во гаража на станбен комплекс во Лос Анџелес.

Актерката која се упокои на само 53 години, имаше бурно минато. Подеднакво интересен за жолтиот печат беше и нејзиниот љубовен живот и семејните трауми за кои отворено зборуваше.

На крајот од деведесеттите стана топ-тема во медиумите поради врската со водителката Елен Деџенерис. Двојката во една прилика откри дека планирале и венчавка кога хомосексуланите бракови ќе станат легални во Вермонт, но љубовта пропадна.

Ен подоцна им се врати на мажите, па дури и се омажи за снимателот Колман Лафун. Од него се разведе во 2007 година, а веќе во декември следната година актерката откри дека е бремена од колегата Џејмс Тапер со кого играше во филмот Men in Trees.

Животот на 53-годишната актерка го одбележаа и неколку семејни трагедии. Имаше четири браќа и сестри, а тројца од нив починаа. Сестра ѝ Сузан почина од тумор на мозокот, а сестра ѝ Синтија починала уште како бебе откако била родена со срцева аномалија. Нејзиниот брат Нејтан, исто како и неа, загина во тешка сообраќајна несреќа уште додека бил средношколец.

Ен во неколку наврати тврдеше дека татко ѝ се*суално ја злоставувал, а дека нејзината мајка ништо не преземала по тој повод и одбивала да ја заштити. Скандалозните обвинувања кон родителите ги изнесе во своите мемоари Call Me Crazy од 2001 година.

Меѓу другото, таа откри дека како бебе имала генитален херпес, но дека мајка ѝ одбивала да ја однесе на лекар тврдејќи дека се работи за иритација од пелените.

Ен Хеч глумеше во многу познати филмови како „Шест дена, седум ноќи“, „Знам што правевте минатото лето“ и „Дони Браско“.

Следни Објави

Тоше Проески ја обожаваше: Долго чувана тајна за прерано починатата пејачка

Поминаа тринаесет години од смртта на пејачката Вера Нешиќ која по долга и тешка битка со болеста го напушти овој свет на само 51 година. Нејзиниот сопруг Мики Нешиќ во една прилика конечно собра сили и откри непознати детали и анегдоти поврзани со приватниот живот, но и со кариерата на […]