Хари Варешановиќ има бурно минато кога е во прашање неговиот приватен живот. Популарниот Хари Мата Хари позади себе има два брака и три деца. Синовите му се програмери, а ќерката докторка.
Првата голема љубов му се случила кога имал само 19 години. Со Аида се оженил во 1983-та, без голема помпа во медиумите, а две години подоцна им се родила ќерката Наѓа. Двојката го има и синот Дамир.
Овој брак не потрајал долго, а една од причините за неговото распаѓање бил вонбрачниот син Мако за кој наводно и самиот Варешановиќ дознал многу подоцна.
Втората сопруга Јасминка Итук ја запознал во 1994 година. Врската ја крунисале со брак дури во 2010 година.
„За своите деца речиси и да немав време. Бев по турнеи, на патувања, едноставно градев кариера. Затоа сега на овие сериозни години имам внуци и конечно доволно време да ја откријам љубовта“, изјави славниот пејач во едно интервју.