fbpx

Српски рапер убиен пред кафуле: Страшни детали, еве кој беше Александар

Александар Стефановиќ, 38-годишен рапер и угостител, е застрелан пред кафуле во германскиот град Дизелдорф.

Инцидентот се случил во неделата наутро, а на убиството му претходела расправија. Мотив за делото наводно се коцкарски долгови.

Според првичните сознанија, во неделата околу 2 часот и 45 минути во кафуле најпрвин настанала расправија меѓу жртвата и 52-годишниот осомничен. По вербалната пресметка излегле од локалот, по што се слушнале истрели. По пукањето, осомничениот маж се вратил внатре, чекал да пристигне полицијата и без отпор се предал.

Уапсениот, според полицијата, е 52-годишен косовски Албанец, жител на Германија. Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.

Тамошните медиуми информираат дека жртвата е ММА борец од Србија кој оима искуство и во музичките води под уметничкото име Алекс М.

Следни Објави

Во Скопје ја откри убавата вест: Петар Грашо чека второ дете со 14 години помладата Хана

Откако пред година и девет месеци станаа родители на девојче, Хана Хуљиќ Грашо (33) и поп-ѕвездата Петар Грашо (48) го очекуваат своето второ дете. Гордиот татко ја потврди среќната вест од Скопје за хрватскиот „ИН магазин“. Тој вечерва ќе го одржи неговиот трет концерт во Филхармонија. Детали за бременоста на […]