fbpx

Втори јануари е важен ден: Бидете внимателни, никако не правете го ова!

Светата православна црква на 2 јануари го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, во народот познат како Св. Игнет, Игњат или Игнатов ден.

Овој ден уште и се наречува и „Прв Божик“, зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот, поврзан со раѓањето на Исус Христос.

Се верува дека оној што денес ќе влезе прв во куќата носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро. Обичајот е во врска со започнувањето на годината, кога се прогнозира среќата на поединецот и заедницата. 

Затоа денеска направете нешто добро и бидете внимателни. Не правете го она што не сакате да ви се случува цела година. Денеска заборавете на нервозите и проблемите, и насмејте му се на секој оној кој размислува поинаку од вас. Поканете ги пријателите во вашиот дом, нагостете ги, насмејте се, напијте се. Потоа пред спиење прочитајте некоја добра книга, за умно да ви тргне годината.

Не заборавајте да ги бакнете саканите, да им кажете колку ги сакате и колку тие ви се потребни. Затоа што запомнете, без љубов, новата година, без разлика на денешниот ден, со сигурност ќе ви тргне во погрешен правец.

Следни Објави

Естрадата тагува: Му немало спас, веселиот музичар почина на новогодишната ноќ

Познати личности од естрадата се во шок по тажна вест која ја дознаа на првиот ден од новата година Во популарен ресторан на Ада Циганлија синоќа на дочекот на новогодишната ноќ еден од музичарите кои ги забавувале гостите се онесвестил, а потоа и починал. Мажот (57) наеднаш колабирал, а потоа […]