fbpx

Љубовта ѝ се случи покасно во животот: Нејзиниот партнер го знаете сите

Водителката Татјана Петровска се подготвува за седмата сезона на популарната емисија „Фолк Џубокс“ која се емитува на МТВ.

Вели дека со својот колега Орце Гелевски едвај чекаат да влезат во реновираното студио и на гледачите да им понудат нови содржини.

Најавува дека и во оваа сезона нема да има место за таканаречени инстант песни со сомнителен призвук создаден под некои други влијанија, но и за вокали кои не ги задоволуваат критериумите на националниот медиум.

Петровска која две децении е присутна на телевизиските екрани за „Женски магазин“ проговори и за нејзиниот интимен живот.

„Малку задоцнето во животот, но Господ ете имал таков план. Можеби се случи кога ми беше најпотребно. Кога ќе пронајдеш во партнерот свет сличен на твојот, тогаш започнува магијата. Кога од првата мисла, од првиот поглед знаете дека не можете и не сакате еден без друг понатаму. Еве, веќе петта година сме заедно со мојот партнер, некогашниот фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски-Калц. Години исполнети со најубавите денови во мојот живот“, раскажува познатата водителка.

Следни Објави

„Пријателе, нека те чуваат ангелите“: Естрадата завиена во црно, Игор не може да се помири

На 64-годишна возраст почина Миодраг Мијо Бабаљ, пејачот кој се прослави во регионалното музичко шоу кој „Никогаш не е доцна“. Колеги и пријатели се збогуваа со него на социјалните мрежи. „Пријателе мој, нека те чуваат ангелите. Ми беше чест да свирам со тебе, да бидам во бендот кој те следеше. […]