fbpx

Остана многу недоречено: Емотивна исповед на сопругата на Гоце Арнаудов

„Остана многу недоречено“, вели Силвија Арнаудова (62), сопругата на прерано починатиот македонски пејач Гоце Арнаудов, за порталот „Женски магазин“.

Во едно од ретките интервјуа на кои воопшто се има согласено, Арнаудова вели дека најмногу жали што последните денови од неговиот живот нејзиниот славен сопруг не ги поминал дома, во Струмица, во која толку сакаше да се врати барем уште еднаш.

„Со Гоце бев речиси цел мој живот, од мои 15 години. Тој и беше мојот живот. Со него поминав и многу искушенија и препреки, но и безброј среќни моменти кои го чинат животот. Тој нѐ напушти на свои 57 години. Останав без Гоце кога имав 50 години. Од тогаш до денес како да ми застана времето. Немам промени во чувствата кон него, љубовта останува и тоа непроменета“, вели Силвија за „Женски магазин“.

По неговата смрт, утеха и се двете деца и внуките кои, како што вели, ѝ се лек на секоја рана и сонце во секој нов ден.

„Господ нѐ благослови со Харита и Оскар и горда сум што сме успеале да одгледаме прекрасни луѓе. Харита живее во Охрид со својот сопруг Иво и моите две внуки Каја и Дора, кои се и смислата на мојот живот. Оскар е во Струмица, каде живее и работи. Најголемиот страв на Гоце беше децата да се далеку од него, далеку од дома. Ете Оскар го одржува аманетот, но често сме сите заедно или во Охрид или во Струмица“, открива таа.

Следни Објави

Мислам дека детето ми е киднапирано, ве молам помогнете ми: Се огласи мајката на исчезнатата Сара Петровиќ од Белград

Седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот „Франш“, јавуваат српските медиуми. Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венац. „Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска […]