fbpx

Татјана се родила болна, па мајка ѝ ја дала во дом: Се случи чудо!

Уште кога првпат ќе ги отворат очите, немаат сите луѓе еднакви можности. Некој се раѓа здрав и богат и пак не знае да го искористи својот потенцијал, а некој доаѓа на овој свет со големи проблеми, но со снаодливост, памет и сила на крајот се издигнува како поголем од многумина.

Токму вториот пример го отсликува животот на Џесика Лонг. Родена е како Татјана во 1992 година во Братск, гратче во Русија, со сериозна здравствена состојба, конкретно со фибуларна хемимелија, ретка болест поради која ѝ биле ампутирани нозете.

Нејзината мајка веднаш штом ја дознала дијагнозата одлучила да ја даде во дом.

Татјана била сместена во исклучително тешки услови, а се’ се сменило по 13 месеци кога американска брачна двојка одлучила да ја посвои. Од домот ги увериле Стивен и Бет Лонг дека таа нема живи роднини.

Малата Татјана, сега веќе Џесика, имала среќа да заврши во семејство со многу љубов и што е најважно кај старатели кои не престанале да ја охрабруваат дека може да се занимава со се’ што ќе посака и покрај нејзиниот инвалидитет.

Добила протези, научила да оди и многу го засакала пливањето. Две децении подоцна станала параолимписка шампионка. Во тој период посакала да дознае повеќе за своите родители. Стивен и Бет ѝ раскажале што им рекле во домот, но Џесика дознала дека се живи и дека продолжиле да живеат во Братск.

Наталија, нејзината биолошка мајка, била потресена кога го видела своето чедо првпат по 20 години.

„Моето мало девојче. Толку многу ми е жал“, ѝ се обратила на Џесика која ништо не успеала да ја разбере без помош од преведувач.

Судејќи по фотографиите, очигледно е дека Џесика комплетно ѝ простила на мајка си, гест кој збуни многумина затоа што малкумина би реагирале на таков начин.

Сепак, Џесика им се вратила на родителите што ја одгледаа, продолжила да реди успеси, да освојува медали и со својата приказна да инспирира луѓе насекаде низ светот.

Следни Објави

Ниедна болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубиш дете!

Херојот од култните акциони филмови, легендарниот Силвестер Сталоне, тивко ја преживеа смртта на својот син, но кога одлучи да проговори, со неговите зборови расплака милиони луѓе ширум светот. Сејџ, првото дете на Сталоне со сопругата Саша Чак, почина на 36-годишна возраст на 13 јули 2012 година, во неговиот стан во […]