fbpx

Еден детаљ од свадбата на Татјана и Михаил за кој зборуваат сите (ФОТО)

Точно десет години откако се свршија, ТВ-презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, завчера се венчаа пред најблиските.

Регистрацијата и прославата се одржаа во еден познат скопски хотел, а присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели.

„Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости“, откри Татјана за „Слободен печат“.

Еден детаљ од свадбената церемонија особено падна в очи, а тоа беше пуштањето на прекрасните бели гулаби-традиција на венчавките која потекнува од Италија, каде истите ги претставуваат младенците кои го напуштаат родителскиот дом, како птичјо гнездо, како би започнале нов заеднички живот и нова фамилија.

Во различни култури, религии и легенди гулабот има различно, но сепак племенито значење и често оваа птица е претставена како Божја! Се смета за симбол на верност и љубов, среќа и благосостојба, мир и долговечност како и симбол на мајчината љубов и плодност!

Ова е втор брак за најпознатата македонска презентерка која од првиот со фолк-пејачот Благоја Грујовски има син.

Татјана и Михаил се запознаа на одмор во Турција 2012 година каде беа со децата и таа пријателска дружба премина во врска. По една година почнаа заедно и да живеат.

Нивната љубовна приказна можете да ја прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Се ожени Мартин од „Некст тајм“: Развиорени знамиња, невестата и зетот преубави (ФОТО/ВИДЕО)

Свадба е голема Мартин Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ се ожени со својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа Белеска. Првата фотографија со младоженците ја сподели неговиот брат Стефан. „Го дадовме, ја земавме. Честитки!“, напиша тој на „Инстаграм“. Мартин ја побара за жена Андреа лани на неговиот роденден на 20 септември. […]