fbpx

Утре е голем празник: Направете една работа за поубав живот

Утре е Св. маченик Никифор (Задушница).

Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето.

По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието.

Светиот маченик Никифор е заштитник на сите оние кои неправедно страдаат, како и на оние кои се подготвени „да ги стават рацете во оган“ заради пријателите и правдата. Се верува дека ова е денот кога кавгите се помируваат и го започнуваат нивното пријателство од почеток.

Затоа, утре простете им на оние кои ви згрешиле. Дајте им рака на помирување и заборавете на сите лоши работи што се случија меѓу вас. Ќе видите, животот ќе ви биде поубав и поисполнет после тоа.

Следни Објави

Беше омилена во СФРЈ: Прерано почина, доживеа иста судбина како мајка си

Риалда Кадриќ, ѕвездата на култниот филм „Луди години“, најгледаниот српски филм на сите времиња, не’ напушти на 25 јануари пред три години. Почина ненадејно во Атина. Сплет на околности, беше тоа реприза на една тажна судбина која пред три децении ја доживеа нејзината мајка-срцев удар среде улица. Кадриќ освои многу […]