fbpx

Верниците го слават Архангел Гаврил: Една работа мора да ја направите

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26-ти март, Собор на Св. Архангел Гаврил.

Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога“. Неговото име Гаврил значи маж Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева.

Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

За овој празник кај нас се поврзуваат бројни обичаи, а се верува дека на овој ден девојките не треба да се занимаваат со физичка работа, како шиење и плетење. Обично се вели дека денот на св. Архангел Гаврил е најдобар за нов почеток, а тој е светецот на кој му се молат паровите кои не можат да имаат деца, поради верувањето дека тој носи добра вест.

Тој важи и за заштитник од лошите временски услови и на луѓето и на добитокот.

Овој празник е целосно посветен на добрината и дарувањето, затоа верниците треба да се сеќаваат на своите ближни, но и на оние кои имаат помалку од нив.

Следни Објави

Се сеќавате ли на оваа убавица? Доживеа трагедија, сега е уште поубава

Актерката Жаклин Бракамонтес ја освои македонската публика со улогата во мексиканската сапуница „Руби“. Ја глумеше Марибел, добра девојка која на најдобрата другарка ќе ѝ го преземе момчето. Со нејзината убавина беа опседнати сите на Балканот, а иако поминаа речиси две децении од емитувањето на серијата, Жаклин како воопшто да не […]