fbpx

Се сеќавате ли на оваа убавица? Доживеа трагедија, сега е уште поубава

Актерката Жаклин Бракамонтес ја освои македонската публика со улогата во мексиканската сапуница „Руби“.

Ја глумеше Марибел, добра девојка која на најдобрата другарка ќе ѝ го преземе момчето.

Со нејзината убавина беа опседнати сите на Балканот, а иако поминаа речиси две децении од емитувањето на серијата, Жаклин како воопшто да не се променила.

Многу млада влегла во светот на шоубизнисот. Била тинејџерка кога победила на изборот „Мис Мексико“, пред да им се посвети на теленовелите во 2003 година.

Најмногу се прослави во „Руби“, но играше и во други хит-серии како „Скршено срце“ и „Грдата Бети“.

Бракамонтес денес е мажена жена и мајка на дури пет деца. Мајчинството дефинитивно ја промени по семејната трагедија. Кога останала бремена со близнаци, едното бебе починало поради компликација со дишните органи.

„Таа траума нема никогаш да ја заборавам, но имам прекрасни деца за кои всушност и живеам“, порача во едно интервју.

Следни Објави

Ја прослави Тоше Проески, жените се оперираа да личат на неа: Еве што прави денес

Беше една од најпопуларните водителки и заштитно лице на телевизија „Пинк“, а се прослави во спотот на Тоше Прески за хитот „Во коси да ти спијам“. Радмила Раденовиќ беше сон на секој маж и идеал за секоја жена, па дамите во тој период најмногу зборуваа токму за неа. Дури посетуваа […]