fbpx

Ненадејно почина познатата поетеса (50), добитничка на наградата „11 октомври“

Ненадејно почина Линдита Ахмети. Тажната вест ја соопшти нејзиниот татко Џабир Ахмети.

Колеги и пријатели се простуваат од 50-годишната поетеса на социјалните мрежи.

„Големите поетеси никогаш не умираат“, напиша на „Фејсбук“ Лидија Димковска, добитничка на годинашната награда „Роман на годината“.

Линдита Ахмети е родена 1973 во Призрен. Се школувала во Скопје, каде што и живееше. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и македонски јазик.

Има објавено три збирки песни на албански јазик: „Малини и блуз“ (1993), „Островот Адулар“ (1996) и „Божилак“ (2000). На македонски јазик издадени се збирките песни „Камена месечина“ (1998) и „Син сон“ (2002).

Беше една од најголемите преведувачки од албански на македонски јазик.

За својата работа ја доби наградата „11 Октомври“ за 2022 година.

Следни Објави

Изгоре скопска Универзална: Се споделуваат страшни сцени, еве што се случува

Гори Универзална сала. Чадот е видлив речиси од сите страни на Скопје. Пожарот избувнал утрово. Се’ уште нема информација која е причината. Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура. Од Центарот за управување со кризи велат дека се запалила куполата […]