Гори Универзална сала. Чадот е видлив речиси од сите страни на Скопје.
Пожарот избувнал утрово. Се’ уште нема информација која е причината.
Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура.
Од Центарот за управување со кризи велат дека се запалила куполата на салата и во моментов интервенира Пожарната бригада на Град Скопје.
Изгоре Универзална сала. Штета. pic.twitter.com/bpZ0DxkWwR
— Dime (5,52344 ден.) (@DimeS10cent) April 9, 2024
Новата купола беше ставена пред 10 дена.