fbpx

Шок! Мислеше дека пациентот е под анестезија, но погледнете му ја раката

Ах, кога ѕидовите би имале очи и уши. Особено оние во операционите сали. Сигурно би можеле да раскажат многу среќни приказни, да опишат лекарски подвизи, но и да посведочат за некои тажни и трагични исходи.

Сепак, некогаш се случуваат ситуации кои не можат да се предвидат, а се однесуваат, најблаго кажано, на бизарните реакции и постапки на пациентите, без разлика дали се при здрава свест или омаени од анестезиите.

Едно видео стана вирално, а како и не би, кога на истото се гледа како еден пациент, иако е на операционата маса, го допира и го стиска задникот на докторката за време на хируршкиот зафат.

Некој сето ова го снимил, па може да се види дека на докторката воопшто не ѝ е пријатно. Таа во истиот момент се врти кон анестезиологот кој го крева палецот за да ѝ потврди дека пациентот се’ уште е буден.

Коментарите се различни. Едни сметаат дека ова често се случува и дека е во прашање „условен рефлекс“.

„И мене ми се случи еднаш додека докторката ми го вадеше катетарот. Ем доживеав ерекција, ем ја фатив за задникот од болка“, е еден од посмешните коментари.

„Како и да е, искуствата се разни, важно е спомените да се убави“, нагласува друг „твитерџија“.

Следни Објави

Се самоуби натпреварувачот од „Ѕвездите на Гранд“

На 26-годишна возраст почина Мујо Хоџиќ, поранешнен натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тажната вест за смртта на пејачот на социјалните мрежи ја споделија негови блиски роднини и пријатели. Српските медиуми пишуваат дека во прашање е самоубиство. Извор на „Гранд“ тврди дека пејачот бил во исклучително лоша состојба и дека, […]