fbpx

Била здрава како дрен, а сега се бори за живот: Поради овој необичен мирис Јелена (34) откри дека има рак

Јелена во 2016 година истрчала полумаратон, водела здрав начин на живот и сметала дека е во најдобрата форма во животот

Откако забележала дека нејзините гасови се со значително посилен мирис од порано, на Јелена Томпкинс (34) од Колорадо ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево. Мислела дека тоа се пробиотиците и здравата храна што ја јаде. Освен гасовите кои имале посилен и понепријатен мирис од порано, таа не забележала никакви други симптоми.

Набргу по тој прв симптом, забележала крв во столицата, што му кажала на својот лекар кога отишла на преглед. Докторот ѝ рекол дека појавата на крв во столицата најверојатно се должи на промена на исхраната. Три месеци подоцна отишла на тест за толеранција на храна за да открие дали некоја намирница е виновна за нејзината состојба. На крајот, таа била подложена на колоноскопија, која открила трета фаза на рак на ректумот кој се проширил на лимфните јазли.

„Бев во една од најдобрите форми во мојот живот. Се хранев здраво и не размислував да добијам рак на толку млада возраст“, ​​изјави Јелена за „Дејли мејл“.

Јелена била на хемотерапија 28 дена. Имала операција со која ѝ биле отстранети 30 сантиметри од дебелото црево и ректумот, како и 17 лимфни јазли. Таа има поставено стома преку која сварената храна оди во торбичката наместо преку ректумот и анусот. Сега е во ремисија и еднаш годишно прави прегледи.

Колоректалниот карцином е тешко да се дијагностицира поради симптоми кои често може да се припишат на други состојби. Најчесто пријавени симптоми се болки во стомакот, крв во столицата, дијареа и анемија со дефицит на железо.

Истражувањето спроведено меѓу пациентите покажа дека 68 проценти од нив забележале крв во столицата и дека на многумина првично им била погрешна дијагноза. Повеќе од половина од испитаниците рекле дека прво им биле дијагностицирани состојби како што се хемороиди, синдром на нервозно дебело црево, анемија и проблеми со менталното здравје.

Стапката на колоректален карцином се зголемува во светот, предизвикувајќи епидемија кај младите, пишува „Дејли мејл“. Овој тип на рак се очекува да стане водечка причина за смртност кај луѓето под 50 години до крајот на деценијата.

Следни Објави

Во врска е со спонзор кој ѝ дава 2.000 евра неделно: Тој има само едно барање

Човекот што го запознала има 46 години и ги финансира сите нејзини барања. Тој ѝ плаќа стан, скапи патувања, козметика и облека.. Расте бројот на девојки кои бараат спонзори и не се срамат јавно да зборуваат за тоа. Една од нив е и оваа 22-годишна девојка која за медиумите проговори […]