fbpx

Кога видов што прави сестра ми со син ми, веднаш повикав полиција

Сите новопечени мајки знаат дека доењето е најдобро за нивното бебе, и поради тоа, тие често се соочуваат со огромен притисок рано да одлучат како да ги нахранат своите бебиња. Ова може да стане чувствителна тема за оние кои се одлучуваат за хранење со шише.

За една американска мајка сето ова станало тотална агонија, бидејќи кога решила да не го дои своето дете, целото нејзино семејство се свртело против неа. Така, еден ден откако дошла дома, ја затекнала сестра ѝ како го дои нејзиниот новороден син. Шокирана од ситуацијата, жената на крајот повикала полиција, бидејќи нејзината сестра фрлила и седум кутии со адаптирано млеко што му ги купила на синот.

Оваа жена ја сподели својата фрустрација на Редит и побара поддршка за нејзината постапка.

„Сестра ми се породи два месеци пред мене, го дои синот, а јас не. Неодамна морав да одам на операција, а бидејќи таткото на мојот син не беше присутен, сестра ми и нејзиниот сопруг ми понудија да го чуваат додека јас бев во болница (вкупно три дена) без никаква надокнада. Кога се вратив дома го најдов син ми на градите на сестра ми, што на почетокот не ми пречеше, бидејќи веројатно беше полесно да го дојам отколку да правам шишиња со храна, но таа подоцна ми кажа дека го фрлила сето адаптирано млеко кое го купив“, напиша оваа мајка.

Жената признала дека била шокирана од ситуацијата и не реагирала веднаш, но откако се смирила решила да повика полиција поради фрлената храна. Подоцна дознала дека тоа што го направила нејзината сестра не е кривично дело, бидејќи бебето го хранеле, но ситуацијата меѓу сестрите брзо се влошила.

„Сестра ми тогаш се изнервира и ми кажа дека е сосема погрешно да ја пријавам во полиција. Сега сака да ѝ платам да го чува син ми, но јас и реков дека не можам ни да си дозволам да купам нова храна за бебиња, па нема да ѝ платам ни да го чува. Таа налутено излезе од дома и ме блокираше од се’. Нашите родители ми купија две кутии храна, но не можам повеќе. Тие исто така мислат дека сум будала што ја пријавив во полиција бидејќи тоа може да влијае на нејзината државна работа, а со тоа и на моето внуче. Кажете ми, дали претерав?“, прашала младата мајка.

Следни Објави

Пејачот на „Меморија“ пред две години проговори за животната голгота: Денес почина неговата сопруга

По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“. Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа. „Поце те сакаше повеќе од се’, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш […]