fbpx

Најпознатиот кардиолог открива: Високиот притисок зависи од положбата на спиење

Лошиот сон и високиот крвен притисок се поврзани. Квалитетниот ноќен одмор е најважниот аспект во превенцијата и лекувањето на хипертензијата, а лекарите открија дека многу зависи од положбата во која спиете.

Кардиологот Трупти Гилада вели дека луѓето кои страдаат од висок крвен притисок треба да спијат 6-8 часа навечер во добро проветрена, тивка просторија. Тие исто така треба да избегнуваат кофеин или алкохол доцна во денот, дигитална светлина, дневни дремки и стрес.

„Спиењето на левата страна е најдобрата положба за личноста која страда од хипертензија, бидејќи на тој начин се ублажува прекумерниот притисок врз крвните садови, што ѝ помага на крвта полесно и со помал отпор да ја заврши својата циркулација“, вели докторот.

Спиењето на левата страна е особено важно за трудниците со хипертензија. Растечкото бебе врши притисок врз внатрешните органи и може да предизвика проблеми со циркулацијата. Факт е дека крвта, кога циркулира низ телото, на крајот се враќа во срцето на десната страна. И кога спиете на десната страна, вршите притисок врз крвните садови одговорни за транспорт на крвта до срцето.

И д-р Ракеш Рајпурот потврдува дека лошиот сон и високиот крвен притисок се меѓусебно поврзани.

„Недоволниот или лошиот сон го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Погрижете се да се одморите добро ноќе, бидејќи тоа е важно за одржување на оптималното здравје на срцето“, вели тој.

Според лекарите, спиењето на левата страна е најдобрата положба за висок крвен притисок, бидејќи го намалува притисокот врз крвните садови кои ја враќаат крвта во срцето. Овие садови се наоѓаат на десната страна од телото и циркулацијата може да се забави ако спиете на десната страна подолго време.

Следни Објави

Оваа позната актерка му е ќерка на Лане Гутовиќ: Ќе се изненадите (ФОТО)

Пред две години на Военомедицинската академија во Белград почина Милан Лане Гутовиќ. Легендарниот актер кој се прослави како Среќко Шојиќ двапати застана пред олтар, а од првиот брак ја има ќерката Милица. Таа неодоливо потсетува на татка си, а одбра и иста професија. Милица глумеше во повеќе остварувања меѓу кои […]