Еден од најуспешните македонски композитори и продуценти, Дарко Димитров, ретко споделува семејни фотографии на социјалните мрежи.
Сепак, кога има повод знае да направи исклучок.
Една од ќерките годинава беше матурантка, па гордиот татко сакаше овој момент да биде овековечен и пријатно ги изненади фановите.
„Три грации“, „Има со што да се гордее“, „Убавици“.. се дел од коментарите за неговата сопруга Маја и двете ќерки.
Сопругата на Димитров ретко се појавува на јавни настани, но кога ќе се појави на некој „ивент“ секогаш остава впечаток со изгледот.