fbpx

Знам дека би била горда: Две недели по смртта на сопругата, пејачот на „Меморија“ ќе запее во Штип

По само две недели откако почина неговата сопруга Вики, пејачот на „Меморија“ е подготвен да застане на сцена и професионално да го одработи закажниот концерт на легендарниот македонски бенд на први јуни во Домот на млади во Штип.

Иако минува низ најтешкиот животен период, по смртта на сопругата која десет години се бореше со тумор на мозокот, Апостол Поце Икономов вели дека музиката е неговиот идентитет, а дека Вики би сакала тој да продолжи со настапите.

„Што и да кажам, нема зборови да се опише чувството. Мојата сопруга ми беше најголема поддршка во животот, ветар во крилја, посебно кога се работеше за музиката која го одбележа мојот животен пат. Токму затоа, јас знам дека таа би била горда на мене поради тоа што продолжувам да го правам она кое најдобро го умеам“, вели тој во изјава за „Фокус“.

Штипскиот концерт ќе ѝ го посвети на сопругата. Вели дека таа ќе биде со него и таму, на сцената, присутна во секој отпеан стих.

Поце Икономов пред две години првпат јавно проговори за својата тажна животна приказна. Во тогашното интервју за порталот „Вистина“ откри дека се’ почнало пролетта 2014 година кога бендот паузираше со ангажмани, а тој останал без работа.

„Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ѝ се слоши на работа.. Дијагнозата-онаа најлошата… Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“, откри тогаш Икономов.

Како татко во тоа време на две малолетни ќерки останува во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се’, уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела, напиша, меѓу другото, истиот портал во 2022 година.

Следни Објави

Шминката треба да се забрани: Жена се „подмлади“ за 20 години

Неверојатна трансформација, жена од 50 години стана сензација на интернет Педесетгодишна жена објави видео на кое покажа како изгледа по дома, а како кога се дотерува за состанок. Луѓето се фрапирани од тоа колку поинаку изгледала пред и по средувањето. Тие не можат да поверуваат како една средовечна госпоѓа со […]