fbpx

Почина водителката и актерка, се бореше со опасен тумор: Децата со моќна порака

На 64-годишна возраст почина ТВ-водителката и актерка Анабел Гилс. Пред само четири месеци ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот.

Анабел, најпозната како водителка на емисијата Posh Frocks and New Trousers, починала мирно вчера во болницата Мартлетс во Хов, потврдија нејзините деца Моли и Тед.

Тие ѝ оддадоа почит со трогателна посвета.

„Со тешко срце ве известуваме за смртта на нашата неверојатна мајка Анабел Гилс. Во јули ѝ беше дијагностициран многу агресивен малигнен тумор на мозокот. Во четирите месеци што следеа, таа покажа извонредна издржливост и сила, и покрај операцијата на мозокот и безбројните третмани со радиотерапија. Во нејзините последни недели, таа беше гласна за подигање на свеста за болните од глиобластом. Остана ведра до самиот крај. Нејзините хумор и смеа не’ инспирираа максимално да го искористиме секој миг во животот. Ви благодариме за вашата љубов и поддршка и ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој исклучително тежок момент. Наместо цвеќиња или други подароци, донирајте во болницата Мартлетс“, напишаа тие.

Гилс беше во брак со пејачот на Ultravox и еден од основачите на Band Aid и Live Aid, Џејмс Миџ Јур, со кој ја доби ќерката Моли и од кој се разведе во 1989 година. Подоцна го доби и синот Тед.

Следни Објави

Убава вест за пензионерите! Ќе добијат дополнителни пари до крајот на годината

Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на Општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно […]