fbpx

Велат дека му е најголема конкуренција на нашиот Мики: Која е девојката која доби втора шанса во „Ѕвездите на Гранд“?

Антонија Черкез оваа сезона се врати во „Ѕвездите на Гранд“ за да продолжи таму каде што застана. Доби нова шанса за остварување на своите музички соништа и по десет месеци борба се пласираше во големото финале.

Музичката приказна на 22-годишната натпреварувачка од Широки Бријег почнува уште во раното детство, а првиот настап го имала на свадба на свои 12 години.

Во една прилика кажа дека во шоуто се пријавила сосема случајно.

„Јас сум прилично спонтана. За таа одлука најмногу придонесоа моите родители кои со години континуирано да ја следат емисијата. Сакав да ме гледаат на телевизија како и сите други кандидати со надеж дека ќе ги направам горди“, изјави таа.

Често истакнува дека најголема поддршка ѝ дава мајка ѝ, вели дека не само што ја поддржува, туку ѝ дава и совети кои ѝ помагаат за време на натпреварот.

„Секоја мајка го кажува тоа што е неопходно на најдобар начин и тоа е нормално. Таа знае што ќе пеам пред да изберам. Таа е упатена за се’, бидејќи секој ден прашува“, објаснува пејачката.

Нејзиниот ментор Драган Стојковиќ Босанац уште од самиот почеток ѝ предвидува голема кариера.

-Толку многу ме поддржува и некако верува во мене. Тоа ми ја дава потребната сила да го надминам секој страв кога ќе излезам на сцената. А кога излегувам целта ми е секогаш тој да биде задоволен. Тој е и мојот врвен критичар во исто време. Секогаш вели: „Не грижи се, знаеш дека си тука со причина и дека никој друг не е подобар од тебе“-изјави таа за својот ментор за порталот „Гранд онлајн“.

Редоследот по кој ќе настапат пејачите во саботното финале

И покрај големата поддршка и пофалбите што ги доби, по шестиот круг донесе неочекувана одлука да го напушти натпреварот од приватни причини кои не сакаше да ги открие.

„Не би сакала да зборувам за тоа, бидејќи е поврзано со мојот приватен живот. Во меѓувреме продолжив да работам. Моите родители се секогаш со мене. И кога мислев дека не можам повеќе, и кога ми беше најтешко, тие беа секогаш покрај мене. Веројатно, да ги немав во тие моменти, немаше ни да се вратам овде во ова натпреварување“, изјави таа за „Гранд“.

На заедничка радост, талентираната пејачка оваа сезона се врати во тимот на Босанц, а Мили не го криеше ентузијазмот за нејзиниот „камбек“.

„Според мене, Антонија е еден од најголемите потенцијали кои се појавија на ова натпреварување и мило ми е што ја гледам на оваа сцена“, кажа тој во првиот круг за неа.

Нејзиниот директен премин во финалето не е изненадување за многумина кои го препознаа нејзиниот талент и посветеност кон музиката во текот на целата сезона, а впечатоците ги откри во интервју за „Гранд“.

„Чест ми е што сум во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Ќе дадам се’ од себе. Сите кандидати се добри и ќе биде густо, морам да признаам“, вели Антонија.

Големото финале е закажано за в сабота со почеток од 21 часот.

Следни Објави

Случајно ѝ откриле рак на кожа кој се проширил на мозокот: Наградена е со најголем благослов

Кога имала 22 години, Мариена Браунинг дознала дека се бори со меланом, познат и како рак на кожата. Имено, Мариена речиси и да немала видливи бенки на телото, ниту пак некогаш отишла на солариум, но ги предупредува луѓето да се откажат од секојдневната употреба на крема за сончање. „Сега кога […]