fbpx

Порасна без родители, пред три години проговори за болеста, а сега конечно е среќна: Македонската водителка го покажа момчето

Познатата македонска новинарка и водителка Цветанка Николова конечно е среќна и исполнета на секое поле. Оваа исклучително храбра девојка која неодамна стана заштитно лице на Канал 5 има исклучително тешка приказна, а по сите предизвици со кои морала да се соочи уште од најмала возраст, сега заслужено ужива во животот.

Популарната Цеце која е и основач на Здружението за млади лица без родители „За тебе“, пред три години ја симна периката и одлучи да проговори за автоимуната болест.

„Од кога знам за себе живеам со алопеција“, им откри таа тогаш на своите следбеници на социјалните мрежи.

Николова порасна во СОС „Детско село“. Во една прилика кажа дека е благодарна за сè што ѝ се случило во детството, бидејќи без тоа, не би била она што е денес.

„Ниту би била новинар, ниту би била успешна.. Ете, се сметам и за успешна, дефинитивно. Којзнае кај би била да било поинаку. Веројатно во Велес со татко ми алкохоличар и мајка ми која нема.. ма не е важно, којзнае каде би завршила. Така што, супер што завршив во „СОС Детско село”. Сè што ми се случило, на крајот е за добро. Мајка Наташа од „Детско село” е мојата мајка, без разлика што моите родители се живи, секогаш ја споменувам неа. Таа е во тек со сè што ми се случува. Таа ми е голема поддршка во сè што правам. Постојано одам во „Детско село” и секогаш сакам да ги запознавам новите деца што доаѓаат во куќата каде што јас пораснав“, раскажа Николова пред неколку години во искрено интервју за порталот „Фешанел“.

Цеце на своите верни следбеници на „Инстаграм“ сега им откри дека е исполнета не само професионално, туку и емотивно.

Николова објави видео и неколку фотографии и покажа како изгледа нејзиното момче.

Следни Објави

Во четврток е Спасовден: Се смета за најсреќниот ден во годината, а еве што не треба да правите

Ни доаѓа Вознесение Христово, Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од […]