fbpx

Интерес за дечко-нула! Спенџарска проговори за Гркот, за ова досега молчеше

Јелена Спенџарска, заштитното лице на „Канал 5“, ужива во љубовта со Лукас, Гркот поради кој последнава година живее на релација Скопје-Солун.

Во една од многуте емотивни објави на „Инстаграм“ вели дека никогаш претходно не била во вака здрава и функционална врска како оваа.

„Едно време дури се прашував дали некогаш воопшто ќе најдам човек со кој ќе поставиме цврсто тло и од таму заедно ќе градиме и заедно ќе растеме. Знам во какво време живеам, свесна сум дека лагата и неверството станаа секојдневие, а не го сакав тоа за себе, па затоа и скоро да изгубив надеж, сигурна сум дека многу од вас сте во ист таков страв како мене. Целосно ве разбирам. И после, како гром од ведро небо ми се појави овој човек, во време кога единствено што ме интересираше беше што ќе јадам и дали ќе имам добра слика за објавување. Интерес за дечко-нула“, пишува популарната водителка.

Вели дека оваа врска секој ден ѝ станува позабавна, поинтересна, дека едноставно ѝ дава живот и неверојатно многу ја менува како жена.

„Едноставно, тука се чувствувам сигурно, безбедно, разбрано, што и да ми се случува, оваа врска е мојот дом каде сè е во ред, можеш сè да си кажеш без да бидеш погрешно разбран и секој проблем има решение. Овој човек ми носи една таква леснотија, можам да кажам што било без да ми бидат извртени зборовите и нема ни најмалку пасивна агерија. Навистина не верував. Целосна поддршка за сè, сè што ми треба, сè што сакам, доволно е само еднаш да се каже! На почетокот мислев дека е скриена камера ова зашто не ми беше реално, нема да ве лажам, но еве после скоро две години, го живеам овој мој некогашен сон и ми е сосема нормално.

Не сакам ова да испадне како фалење, туку баш напротив, како инспирација да верувате дека таму некаде постои вистинскиот маж за вас покрај кој ќе се чувствувате како божица иако сте само една обична жена. Да не се задоволувате со малку, со трошки, заборавете на тоа: ‘Ќе го сменам јас, ќе се промени, ќе му дадам уште една шанса’ , не паѓајте во таа дупка. Длабоко во себе секогаш ќе знаете. Животот е краток“, им порачува Јелена на фановите.

Следни Објави

Семејна трагедија: Почина ќерката на познатиот македонски актер

Тажна вест вечерва се рашири на социјалните мрежи Семејна трагедија доживеал познатиот македонски актер. На поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талевски, денеска му починала една од двете ќерки, јавува порталот 4NEWS.mk  Во моментов нејасни се причините за смртта. Таа живеела во Битола и имала семејство и дете. Талевски е во […]