fbpx

Верица тргнала лабаво за Грција: Објави список со работи што ги купила таму, ќе се изненадите

Пред да заминеме на одмор во Грција секогаш се двоумиме што да понесеме. На крај, многу често се случува да го заборавиме она најважното-костим за капење, крпа и пешкир за плажа или апостолки..

Во слична ситуација се нашла и Верица Спасиќ, но на крајот сфатила дека непотребно се изнервирала.

„Доцна решивме да одиме на одмор вон сезона. Мојот сопруг доби непланиран одмор и немаше многу време за подготовка“, ја почнува својата приказна оваа жена од Врање.

Велат дека Грција им била најблиската дестинација, па одлуката каде да летуваат ја донеле „експресно“.

„Отидов на море со стар костим за капење, но потајно се надевав дека ќе купам нов во Грција, како и некои убави влечки за плажа“, раскажува Верица за српски „Курир“.

Веќе на вториот ден од одморот отишла во самопослуга по враќањето од плажа. И.. глеј чудо!

„Презадоволна сум. Купаќите си ги земав за 12 и пол евра. Изборот е голем, а цените се движат од 10 до 15 евра за пристоен модерен костим за капење. Влечките ги платив пет евра и беа многу пристојни. Нивната цена е од 5 до 12 евра. Ги разгледавме и останатите цени на крпи, чадори за плажа.. Пешкир чини од три и пол до 6 евра. Чадори за сонце може да се најдат по цена од три и пол до шест евра“, открива Верица.

Вели дека ни во Врање не може поевтино да најде. А, богами, ќе се согласиме и во Скопје.

Таа информира дека и со прехранбените производи туристите може да калкулираат по свој избор, бидејќи, како што вели, цените се „растегливи“.

„Гиро е од три и пол до четири евра. Лубеница 80 центи за килограм. Доматите се 1,2 евра, исто колку и нектарините и праските. Лебот е од 1,2 до 2,5 евра. Голема пица маргарита чини 9 евра. Во ресторан можете да нарачате и порција готвена храна по цена од 6 до 11 и пол евра. На тамошниот пазар најдовме прекрасен мармалад од кајсии од 1,98 евра. Пакет од шест шишиња вода од 1,5 литар чини од 1,5 до 1,8 евра. Топка сладолед, и овошен и млечен е од 1,5 до 2 евра“, исцрпно открива таа.

Следни Објави

Ни Андријана, ни Шејла: Мики откри со која кандидатка од „Ѕвезде Гранда“ би снимил дует

Велешанецот Мики Секуловски ги живее своите ѕвездени денови, откако блесна во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ и го освои второто место. Додека се’ уште трае еуфоријата, македонскиот пејач одлучи да им угоди на своите следбеници на социјалните мрежи кои имаа шанса да го прашаат се’ што ги интересира за неговиот […]