fbpx

„Ако син ми ја силува ќерка ти, тоа не е мој проблем“: Скандалозно видео од плажа

На социјалните мрежи деновиве повторно почна да се споделува видео од конфликтот меѓу две госпоѓи снимен на плажа на непозната локација.

Снимката досега собра стотици илјади прегледи и луѓето не престануваат да го коментираат однесувањето на една од жените.

„Не дозволувај ќерка ти да врти со задникот околу мојот четиригодишен син. Таа има 13 години. Не сакам да му се покажува на син ми“, ѝ довикува жената од плажа на оваа другава која снима се’.

Шокирана од вербалниот напад, се обидува да ја смири ситуацијата.

„Но, таа е на плажа и носи костим за капење“, мирно одговара.

„Каква мајка дозволува детето да покаже толку многу“, бесната жена продолжува со нападот.

„Тоа е костим за капење“, повторува мајката на 13-годишното девојче.

„Не, тоа е танга“, продолжува бесната мајка на четиригодишното дете.

Во разговорот потоа се вклучува и пријател на „напаѓачката“ кој се обидува да ја смири ситуацијата. Дури и некои од посетителите на плажата и сугерираат на бесната жена дека греши, дека костимот е сосема нормален и дека се на плажа. Сепак, тоа не ја спречува да продолжи да се заканува.

„Мислите дека видеото ќе ви помогне. Не ме познаваш, не знаеш каде живеам. Само ќе им покажеш на сите дека си „го*но од мајка“ која ѝ дозволува на ќерка си да го направи тоа, се дере жената.

„Снимам за своја безбедност“, ѝ реплицира другава.

„Ќе те нокаутирам. Што ќе правиш тогаш? Дали видеото ќе ти помогне? Јас имам син, ти немаш. Не мора да зјапа во него. Ако син ми ја силува ќерка ти, тоа не е мој проблем“син ја силува твојата ќерка кога ќе порасне, тоа не е мој проблем“, го завршува својот луд монолог бесната жена.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш го осудија нејзиното однесување. Многумина се уверени дека била под дејство на алкохол.

Следни Објави

Никогаш повеќе нема да ја фрлате водата од сварениот компир: Со овој трик се бришат сите дамки

Знаете ли дека е многу корисно да го измиете подот со водата од сварениот компир. Можеби звучи чудно, но скробот и минералите кои ги содржи се одлични за отстранување на дамките. Дали сте слушнале за револуционерниот трик на Австралијката Кери Барлинг за чистење на подни плочки? Во потрага по природно […]