fbpx

Пиев антидепресиви: Мики Секуловски првпат за анксиозноста и депресијата

Во тек е последното издание за оваа сезона од поткастот „Без лимит“ чии автори и водители се Стефан Лазаров и Зоран Василевски.

Гостин е Мики Секуловски, велешанецот на кој за влакно му избега победата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Талентираниот пејач првпат проговори за борбата со анксиозноста и депресијата.

„Ги пиев сите можни антидепресиви“, призна, меѓу другото, тој.

Раскажа дека бил кај психолог, но не успеал да му помогне. Рече дека едноставно бил затворен тип кој не се отвора, кој чува емоција, па можеби и тоа било причината.

„Брат ми ќе се изнавика, ќе се изнаплаче, а јас трпам.. Можеби затоа не ми помогна тој психолог“, вели тој.

Мики Секуловски ја покани дома: Ѝ свари кафе, па направи нешто неверојатно

Секуловски се соочувал со оваа состојба додека бил сам во родниот град, а неговите мајка и брат биле во Белгија.

„Овде бев сам.. И тука имам пријатели, ама не сакав никој да видам. Се затворив дома, не сакав никој да видам, се’ ми пречеше, ми пречеа звуци од автомобилите..“, искрен е тој.

Сето ова се случувало непосредно пред да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Секуловски неодамна раскажа дека има тажна судбина, честопати животот му бил борба, а во даден момент се соочил и со голема семејна трагедија.

„Работев како келнер. Отидов да си го посетам семејството кое живееше во Белгија, но во тој период на татко ми му беше дијагностициран рак на дебелото црево. Затоа одлучив да останам и да им помогнам на брат ми и на мајка ми.. Кога татко ми почина, се вратив. Тоа беше пред две години“, откри Мики за „Гранд“.

Сепак, пронајде сила да му се врати на пеењето и да покаже колку навистина вреди. Учеството во најгледаното регионално музичко шоу му помогне на најдобар начин да се издигне од пепелта.

Секуловски (36) неодамна раскажа дека е скромен човек и дека парите не му биле приоритет во животот.

„Ја сакам музиката, јас сум музичар по професија и ќе нагласам музиката не ми е хоби, туку професија. Впрочем за тоа и имам завршено средно музичко училиште и сум дипломиран оперски пејач. Што значи дека сакам и треба да ја работам оваа работа како музичар и од тоа да заработувам и живеам“, изјави тој.

Следни Објави

Ми рекоа дека ќе живеам уште шест часа: Потресно сведоштво на новинарката Катерина Цаневска

Катерина Цаневска Арсовска е познато ТВ-лице од А1 и МТВ, а подоцна кариерата ја продолжи како советник за односи со јавност и портпарол. Беше вработена во општина Центар во Скопје и во македонското Собрание, но и во претседателскиот кабинет. Во поткастот „Претрес“ таа отворено зборува за војната во 2001 година, […]