fbpx

Му роди ќерка, но не му отиде на погреб: Бурниот живот на Неда Украден

Неда Украден е со децении присутна на јавната сцена, но за нејзиниот приватен живот многу малку се знае.

Славната пејачка има една ќерка, Јелена, која ја доби во бракот со реномираниот режисер Милан Билбија.

Се запознале кога таа била едвај полнолетна. Нивната врска траела десет години, но во брак издржале едвај три.

Билбија почина пред речиси една деценија, а пејачката неодамна во едно ТВ-шоу откри дали повторно би застанала пред олтар.

„Да го немам овој памет, можеби да. Ама пробав, видов, не ми одеше, сфатив дека на тој терен нема што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почеток сите се полни со разбирање, сите се вљубуваат во онаа интригантност која ја пласираме на малите екрани, убави сме, згодни сме, атрактивни и полни со еротика. И потоа следува реалноста, вистинскиот живот и почнува драмата. Најчесто завршува со докажување и суета, па затоа и не функционира“, го раскажа Неда сопственото искуство со мажите.

Следни Објави

Дејан засадил ретка овошка: Неочекуван бум на пазарот, одлично заработува

Она што не успеал да го направи никој во Војводина и пошироко му успеало на овој човек Кинеска урма или јојоба е овошје кое успева во Кина, но може да успее и на овие простори. Тоа му пошло од рака на Дејан Ковач од Бачки Монштор во Србија. За три […]