fbpx

Не сакал брак, а сега не може без неа: Ова е најубавата љубовна приказна во Холивуд

Холивудските бракови по правило се многу кратки, а вистинските љубови кои траат со децении се исклучително ретки. Затоа не е чудно што многумина сакаат да ја знаат тајната на најдолговечниот холивудски пар, на оскаровецот Џеф Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон. 

„Не знам како е со другите мажи, или жени, но јас кога имав дваесетина години многу се плашев од бракот. Мислев дека тоа е огромен чекор кон смртта. Затоа направив се’ што беше во моја моќ да го избегнам“, призна Џеф Бриџис во едно интервју за Readers Digest.

Сепак, нешто се промени во 1974 година кога на снимањето на филмот „Ранчо Делукс“ во Монтана тогаш 25-годишниот Џеф за прв пат ја сретна Сузан Гестон. Четири години помладата Сузан работела како келнерка во еден локален ресторан, а слободното време го поминувала помагајќи на семејниот ранч.

„Веднаш ја забележав. Не само што беше прекрасна туку веќе имаше скршен нос и две модри очи. Фантазирав како ја претепал дечко ѝ и како ќе ја спасам од него“, откри Џеф. 

Сузан имала сообраќајна несреќа неколку дена претходно, а холивудскиот заводник ни малку не ја интересирал. Кога Џеф собрал храброст и ја поканил на состанок, таа го одбила. За среќа пак се сретнале неколку недели подоцна на забавата организирана по повод завршувањето на снимањето на филмот. 

„Ја поканив да танцува со мене. Побарав нејзино мислење за имотот кој планирав да го купам. И додека гледав во неа почнав да размислувам како таа е мојата идна сопруга. Беше толку опуштена и забавна, со неа се чувствував како да сум дома, како некаде да припаѓам“, раскажа актерот. 

Свекрвата ја советувала да го напушти

Џеф се вратил во Лос Анџелес и сфатил дека за првпат во својот живот се заљубил. Шокиран од тој факт решил да се врати по неговата сакана. 

Започнале страсна врска, а Сузан со тек на времето се преселила во Калифорнија. Но, по неколку години посакала да се скраси. Џеф за жал, и понатаму се плашел да стапи во брак. 

„Кога прв пат ѝ ја кажав теоријата за брачна смрт, се насмеа. Па сфати дека сум сериозен. Разговараше со моите со кои стана одлична пријателка и мојата драга и сакана мајка ја советуваше да ме напушти“, се пошегува Бриџис во едно интервју.

Сузан добила понуда за работа во Монтана и планирала да замине. Тогаш Џеф сфатил дека мора да донесе одлука веднаш. 

„Многу бргу ми стана јасно дека ако ја пуштам оваа девојка да си отиде од мојот живот ќе жалам засекогаш. Клекнав пред неа и ја прашав дали сака да се омажи за мене“, се присети тој во една прилика. 

Судбоносното „ДА“ го изговориле на 5 јуни 1977 година пред најблиските пријатели и роднинии. Останатото е историја.

И понатаму се во брак кој трае веќе четири децении. Сепак, не течело се’ како приказна од љубовни романи. 

„Сју секогаш ми даваше простор да бидам она што сум. Но првите години од бракот беа со многу предизвици. Имавме некои проблеми, кои заеднички ги решивме“, искрен е актерот. 

Во бракот добија три ќерки – Изабела, Џеси и Хејли. Во седмиот месец од бременоста на Сузан со Хејли дознале дека Изабела има вирусно воспаление на мозокот и не знаеле дали ќе преживее.

„Во тоа време не бев дома во Монтана, бев на снимање. Сју се грижеше за се’ во тој критичен момент. Ја возеше Изабел на рехабилитација и се грижеше за другите две деца. Таа е многу силна и фокусирана. Ја гледав со чудење“, подоцна раскажа Џеф. 

Иако Сузан никогаш не била дел од Холивуд, Џеф Бриџис секогаш ја вклучува кога раскажува за својата кариера. 

„Снимивме повеќе од 50 филмови. Кажувам „ние“ затоа што Сју тоа го заслужува. Јас сум фраер кој заработуваше, но таа се грижеше за се останато. Навистина сум вљубен во неа повеќе од било кога“, нагласува тој. 

Кога новинарите ги прашуваат која е тајната на успешниот брак, славниот актер секогаш одговара дека клучна е комуникацијата.

„Мојот брак станува се’ подобар и подобар со текот на годините. Но тоа не значи дека секогаш е лесно. Во минатото често се расправавме, но потоа го откривме решението за подобрување на нашата комуникација. Често разговараме за тоа што не мачи – но пуштаме и другиот да си каже без да има прекинувања“, вели славниот оскаровец.

Следни Објави

Веќе не може да молчи: Саша Матиќ ја откри болната вистина

Марина Туцаковиќ одигра важна улога во кариерата на многу музички ѕвезди. Нејзините стихови беа дури и пресудни за кариерата на некои пејачи. Еден од нив е и Саша Матиќ кој доби безрезервна поддршка од Туцаковиќ уште кога се појави на естрадата. „Многу ми помогна. Ме натера да снимам неколку песни […]