fbpx

Ангел! Објавена слика од загинатиот син на Крсто Мукоски, потресни зборови за Милан

Вевчани се сеќава!

Денеска го попративме во вечноста Милан Мукоски.

Милан е роден на 21.09.2004. Член на семејството Мукоски. Син на Катица и Крсто, брат на Голабинка, Илина и Јована.

Милан своето детство го помина во Вевчани. Беше весело и друштвено дете, сакано и поштовано од сите, исто како тој што знеше да го испоштоват секого со добар и весел муабет. Пример за младите, предвесник на добрина и милост за значењето на зборот „другарство“.

Милан основното образование го заворше во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани како одличен ученик. Средното во Економското училиште „Нико Нестор“ – Струга и по заворшвењето се запишвит на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Милан беше љубител на домашните животни. Секојдневно одеше во семејната штала со коњи и токму затва доби љубов кон ветеринарството.

Беше голем верник во Господа, знеше да ги ценит и почитоват сите христијански обреди.

Некој го стретил кеш ојт на Зимски Спасовден пругоре сам и му рекол:

Ке ојш бре Мики сам по снегојве?

– Не су сам бе, со Господа су.

Св.Васиља беше негвата пасија. Се маскираше од својата порва година до ланска година ква беше маскиран со својот коњ во војник од негојот омилен филм „Valhalla Rising“. Живеше за Св.Васиља како секој вевчанец. 13ти јануари му беше најубав ден, за после 19-тата година на тој ден да заминит на едно поубо место, место ке што немат болка и неправда.

Почивај во мир Милан. Сега си поблиску до оној кој најмногу го сакаше, сега си вистина зедно со Господа. Чувај нѐ сите. Вечно ќа си во нашите мисли и ќа те спомвиме секваш. Вевчани никваш немат да те заборајт!

Фејсбук-статус на Мое Вевчани

Следни Објави

Важно! Ако скенирате сметки, ова треба да го знаете

Еве кога може да очекувате исплата Во текот на јануари 2024 или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални. Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието. Преку проектот […]