fbpx

Дејан засадил ретка овошка: Неочекуван бум на пазарот, одлично заработува

Она што не успеал да го направи никој во Војводина и пошироко му успеало на овој човек

Кинеска урма или јојоба е овошје кое успева во Кина, но може да успее и на овие простори.

Тоа му пошло од рака на Дејан Ковач од Бачки Монштор во Србија. За три години тој направи бум на пазарот, и она што ќе го произведе луѓето буквално го разграбуваат.

Ковач за „Блиц“ вели дека секој може да успее, ако добор размисли што може да прави со земјиштето кое го има. Тој верувал дека ќе успее со садење на ова ретко овошје.

Од неколку стотини килограми, производството го зголемил на неколку тони.

„Овошјето го купуваат од сите страни, од цела Србија, Хрватска, Босна. Кога размислував да одгледувам јојоба или кинеска урма, не бев скептичен, но сите околу мене беа и немав поддршка од семејството“, вели Ковач.

За две години насадот го зголемил за неколку хектари. Ова го направил за да почне со извоз.

„Ова овошје најмногу го јадат свежо, бидејќи има одличен вкус, а притоа е исклучително лековито. Исто така, плодот го има тоа својство самиот да се исуши на гранка што е дополнителна предност“, завршува тој.

Следни Објави

„Јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец“: Потресно видео со загинатата Мартина

Ден пред да ја испрати на вечното почивалиште, на „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина Наумовска, 29-годишната битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи во близината на Солун. Тој сподели снимка на која тој свири на гитара и двајцата ја интерпретираат баладата „Расцветај“, големиот макфестовски хит на Ѓоко […]