fbpx

Сo години се дрогираше, мајчинството ја спаси: Ќерката на Мишо Ковач сега е друга жена

Ивана Ковач (45), ќерката на легендарниот југословенски музичар Мишо Ковач, има неверојатна животна приказна. Денес е успешна пејачка, реализирана сопруга и мајка, но низ годините се соочувала со тешки предизвици кои, за среќа, сега се само минато.

Непосредно по обидот за самоубиство на нејзиниот славен татко кој со години се бореше со депресијата по загубата на синот, Ивана пронашла утеха во најголемиот порок на денешницата. Прв кој забележал дека се дрогира била нејзината мајка Анита. Не сакала да изгуби уште едно дете, па го натерала Мишо да направи се’ за да ѝ помогнат.

Ивана две години се рехабилитирала во комуна. „Ја победив зависноста, но не беше воопшто лесно. Всушност стравот од евентуалното враќање во комуната беше пресуден“, призна таа во една пригода.

Ивана еден период беше и пејачка на групата „Магазин“, но во тој период составот не постигна некој позначителен успех. Откако стана мајка, кариерата ја стави во втор план.

Пред три години со нејзиниот свршеник, Елвир Хасанхоџиќ, ја добија ќерката Елена.

„Таа е многу активно дете и сега е главна во нашто семејство. Татко ми, кој сешто помина во животот, живна и како да се подмлади откако се роди таа. Мојата мајка Анита живее во Далмација, ние сме во Загреб, па не може секогаш да ни помага околу чувањето“, изјави Ивана во едно интервју.

Откако нејзиниот брат Еди загина во 1992 година, семејството Ковач помина низ тежок период. Мишо се раздели со нејзината мајка, а подоцна се прежени. 

Следни Објави

Го однел татка си во старечки дом: Синот му одржал лекција за цел живот

Во еден град, поради обврски на работа, синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајки се од училиште го посетил деда си и се запознал со условите во кои живее. Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се […]