fbpx

Ненадејно почина Александар (10): Мајката Даниела очајно бара одговори, докторката ѝ пишала дека е на партиски состанок

Десетгодишниот Александар Ковач од Бјелина ненадејно почина на 28 август, а погребан е три дена подоцна, на 31 август.

Се работи за здраво момче кое на 25 август почувствувало силна главоболка, поради што следниот ден е хоспитализиран во Детското одделение во болницата „Свети Врачеви“ во Бјелина. Лекарите се посомневале во сончаница.

Родителите на момчето, Даниела Огњеновиќ-Ковач и нејзиниот сопруг Дарио, се револтирани бидејќи сметаат дека го закопале синот поради невнимание на лекарите.

„Дојде во болница на нозе, а последниот ден не препозна никого. Стана агресивен, ги стискаше забите, си ги удираше нозете од болка“, раскажува Даниела.

По приемот, Александар бил ставен на инфузија. Но, и понатаму повраќал.

„Состојбата му се влошуваше. Штом ќе ставеше нешто во уста, веднаш повраќаше“, сведочи мајката за последните мигови со нејзиното чедо.

Во понеделникот, на 28 август, Александар бил прегледан од невролог, а потоа бил однесен на ОРЛ и на офталмолог. Десетгодишното момче тешко се качило до катот погоре, а пред ординацијата повратил и пожолтел во лицето. Со помош на медицинска сестра се освестил и успеале да направат прегледи. Мајката вели дека наодите биле во ред. Како и секој родител во очај кој гледа како детето му страда, а не може да му помогне, Даниела отишла кај докторот кој го примил момчето и му побарала CT или MRA на главата.

-Таа ми одговори: „Де бре, Данијела, вие родителите сакате само да ги зрачите децата“. Ми посочи дека снимањето е штетно, како петсто пати да ги снимал белите дробови. Не го снимија. Подоцна дојдоа помалиот син и сопругот Александар, не препозна никого. Ја побарав и неговата омилена учителка на видеоповик, не ја препозна“, раскажува низ солзи Даниела.

На прашањето дали неа ја препознал, таа кратко одговорила негативно.

Во тоа време докторката која го примила не бил во болница, па дошол нејзин колега и информирал дека разговарал со началникот на неврологија во Бања Лука и дека веднаш ќе бидат испратени со брза помош. Даниела инсистирала на хеликоптер затоа што видела дека нејзиниот син е многу болен, но докторот рекол дека не е итен случај и дека неговиот живот не е загрозен.

-Постојано и се јавував на докторката која го прими, таа не одговараше. Подоцна ми пиша дека е на партиски состанок, а кога ѝ кажав дека одиме кон Бања Лука ми одговори: „Тоа е најдобро, затоа што можат да завршат со дијагностика“. Требаше да не’ испратат или во Тузла или дури во Белград, кој е поблиску од Бањалука-потенцира Огњеновиќ-Ковач.

Околу 40 минути пред да пристигнат во болницата, Александар добил епилептичен напад и почнал да помодрува. Тие биле придружувани од медицинска сестра и стажант, кои телефонски побарале инструкции од докторот. Данијела смета дека искусен лекар требало да оди со нејзиниот син, кој можеби ќе му направил масажа на срцето, а не само да му даваат 15 l/min кислород преку маска.

„Во Бања Лука ми рекоа дека постапиле погрешно и дека требало да направат масажа на срцето и дување воздух“, вели Даниела.

Лекарскиот тим го пречекало момчето, но можеле само да започнат со реанимација. Се обидувале да го оживеат 90 минути со апарати и масажа на срцето, но безуспешно.

„Рекоа дека нормално тоа го прави болницата во Бијелина, дека им праќаат пациенти кога треба да умрат и дека тоа е 100 отсто нивна вина“, со болка објаснува Даниела.

Според зборовите на мајката на Даниела, откако со синот заминала со амбулантно возило кон Бања Лука, на нејзиниот сопруг и на другите членови на семејството лекарот им кажал дека се сомнева на менингитис или воспаление на мозокот.

„Рече дека и тој не разбира. А менингитисот и воспалението на мозокот се итни и многу фатални и доколку не се лекуваат навреме, може да предизвикаат смрт за неколку дена“, завршува Даниела.

Следни Објави

„Срцето ми се скрши“.. Славниот пејач прерано нè напушти, сопругата ги откри сите детали

Легендарниот пејач на кантри-музика од Тексас, Чарли Робисон, почина на 59-годишна возраст од срцев удар, пишува „Дејли Мејл“. Веста за неговата смрт ја потврди сопругата која ги замоли фановите на пејачот да се молат за нејзиното семејство во овие тешки мигови. Пејачот почина во неделата вечерта во болница во Сан […]