fbpx

„Сине, те молам..“ Коста доби порака од мајка си: Страшно, еве што му напишала

Денеска почна судењето против родителите на Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Против нив се поднесени приватни тужби од 27 членови на семејствата на жртвите.

Против неговиот татко Владимир кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје. Против неговата мајка Миљана, пак, е покренато обвинение бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура која била пронајдена пред кабинетот по историја, каде што Коста го извршил масакрот врз своите соученици.

Мајката на Коста, преку роднина успеала да му испрати порака на синот кој се наоѓа на Клиниката за неврологија и психијатрија. По поднесеното обвинение против неа, судот нареди да ѝ се забрани да се приближува, да се сретне или да комуницира со сведокот К.К., а воедно да се предупреди дека може да ѝ се изрече построга мерка доколку ја прекрши изречената забрана.

Бидејќи повеќе не може да го гледа синот, Миљана Кецмановиќ нашла начин да комуницира со него. Имено, како што дознава „Република“, таа преку свој роднина му испратила порака на Коста.

„Миљана е очајна, испратила порака преку својот братучед кој одел да се види со Коста и да му однесе одредени работи. Го молела да не сведочи против неа и против Владимир. Му рекла да размисли за сестра му, која сега нема никој, да размисли за нејзиниот понатамошен живот, кој веќе е доволно уништен. Се надева дека синот ќе има малку сочувство барем за сестра му и дека нема да сведочи против родителите и да ги стави во затвор“, вели извор близок до српскиот портал.

„Коста немо ја слушал пораката, немал никаква реакција, како да не слушал што му се зборува. Никој не знае што ќе се случи на судењето, мајка му не се плаши ниту за себе, ниту за сопругот, загрижена е за својата ќерка и што би можело да ѝ се случи поради сето она што Коста му го направи на семејството“, открива истиот извор.

Следни Објави

Македонската водителка ја покажа ќерката: Убавина и грациозност

Гените се чудо Искра Канзурова со една своја објава на социјалните мрежи ги разнежни своите следбеници. Познатата македонска водителка ретко споделува приватни моменти, па објавувајќи фотографија од ќерка си Матеа таа пријатно ги изненади сите. „Матеа е талентирана за балет, оди во балетско училиште. Многу сум горда на неа, играше […]