fbpx

Животот го помина барајќи мир: Потресна објава за починатиот Игор од Кочани

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, сподели тажна вест на „Фејсбук“.

Тој со трогателна посвета се прости од својот близок другар, поранешен припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.

„Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен припадник и инструктор во минофрлачкиот тим на Единицата за специјални задачи Тигар, инструктор и креатор во проектот “Биди Тигар”, учесник во одбраната на Македонија во 2001 година како дел од артилериските единици на македонската Армија“, напиша Ангелов.

Вели дека животот на Георгиов воопшто не му бил лесен, дека го поминал мачејќи се и барајќи мир, многупати соочен со смртта.

„Во 2003-та поради бирократски причини беше исфрлен од Тигрите, потоа возеше такси, па работеше неколку години во Ирак, со спечалените пари оттаму се обиде да си го најде мирот на планината Пониква, менаџирајќи го ресторанот “Етно Караула Пониква” каде на видно место, на кочански дијалект, беше истакната неговата животна максима “Уште не се е родил тај на сите што и угодил”. Потоа пак замина за Ирак, се врати, се повлече во Кочани, делумно работеше со една викендица на Пониква истовремено работејки најобична физичка работа“, завршува тој.

Следни Објави

Естетски хирург ја „подбра“ Слобода Миќаловиќ: Откри список со операции што ги направила

Таа е една од омилените актерки на овие простори, а американскиот портал Beautiful Women Pedia пред три години ја прогласи за најубава природна глумица во светот. Слобода Миќаловиќ ужива голема популарност, а на „Инстаграм“ ја следи дури и славната Моника Белучи која во една прилика не штедеше комплименти за убавината […]