fbpx

Македонија завиена во црно: Загина Гоце Атанасов, две деца остави позади себе

Објавен идентитетот на една од двете жртви во сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

На експресниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Жиганци, вчера се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале три возила-„голф“, со кочански регистарски таблички, управувано од 54-годишниот Д.Д. од Кочани, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски таблички, управувано од 25-годишниот М.А. од Скопје, и патничко возило „ситроен“, со винички регистарски ознаки, управувано од 58-годишната Л.С. од Виница.

„На самото место на несреќата од добиените повреди починале сопатничката од возилото „сеат“, со иницијали Н.П. на возраст од 24 години и сопатникот од возилото „голф“, Г.А., на возраст од 52 години од Кочани. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Кочани. Тешки телесни повреди добиле возачите на „голфот“ и „ситроенот“, сопатникот од „голфот“, на возраст од 52 години, и две сопатнички на возраст од 63 и 84 години од „ситроенот“, и двете од Виница. Повредите се констатирани во Општата болница во Кочани, Клиничката болница во Штип и комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа“, изјавија од СВР Штип.

Локалната ТВ Стар денеска го објави идентитетот на една од жртвите.

Станува збор за 52-годишниот ѕидар Гоце Атанасов Цинцар, татко на две деца кои се на привремена работа во Германија. Тој со сопругата живеел во Кочани.

Атанасов важел за добар и баран мајстор, велат неговите сограѓани.

Следни Објави

Лесна ти земја, Драганче.. Пријателите се збогуваат од познатиот штипски адвокат

Штипјани тагуваат, беше бескопмромисен промотор на градот По кратко боледување, на 39-годишна возраст почина Драган Торов, познат штипски адвокат и советник во Општина Штип во периодот од 2005 до 2009 година. Торов имаше значаен придонес во советничкиот мандат и ќе остане запаметен како бескомпромисен промотор на интересите на градот, информира […]