Тажна вест доцна вечерва споделена на социјалните мрежи
Директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, со емотивна посвета се прости од свој близок пријател.
„Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност, да си наш другар, пријател, соборец. Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи. Ќе недостасуваш многу“, напиша таа на „Фејсбук“.
Теодор Богоевски беше советник на премиерот Димитар Ковачевски за лица со попреченост.
Од него со емотивни зборови се прости и секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски.
Со тага и неверување ја примив веста дека нѐ напушти нашиот другар и колега Тео Богоевски. Ти благодариме за твојата долгогодишна заложба и значителен придонес во креирањето политики за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството. Ќе те памтиме како голем борец. Искрено сочувство до семејството и пријателите“, напиша тој.