fbpx

Моника Црнокрак проговори за своето момче: Веќе четири години Виктор ѝ е најголемата поддршка

Моника Црнокрак, ќерката на познатата модна двојка Светлана и Мики Црнокрак, по професија е асистент по маркетинг, но веќе неколку години гради и успешна манекенска кариера.

Таа веќе има освоено неколку титули на интернационални избори за убавина, а пошироката јавност веќе ја препознава и како водителка на естрадното шоу „Голден карпет“ кое се емитува на телевизијата Канал 5.

Моника веќе четири години е исполнета и на емотивен план, а сега конечно одлучи и да проговори за своето момче.

„Со Виктор се запознавме сосема случајно, на рекреативна одбојка. Тој ми е најголема поддршка и секогаш стои зад моите одлуки, а ме бодри и во моменти кога навистина ми е потребно некој да ме подбутне. Нормално е да постои љубомора, но сѐ во свои граници“, раскажува таа во интервјуто за „Слободен печат“.

Во истото интервју, Моника искрено зборува и за своите родители, но и за 13 години помладата сестра.

„Кога станува збор за мода и мојот изглед, нормално по женска линија се консултирам со мајка ми, а татко ми е тој што секогаш потврдно кимнува со главата. Со Нина имаме посебна поврзаност, буквално сум ѝ како втора мајка. Таа веќе станува голема девојка и е вистинска убавица“, вели таа.

Следни Објави

„Додека дишам и Бог е со мене, нема да се откажам“: Сања на 52 години стана мајка

Фолк-ѕвездата Сања Малетиќ стана мајка на 52 години. Пејачката роди здраво девојче, информираат српските медиуми. Истакнатата естрадна уметница конечно ја доби долгогодишната борба за потомство, а за која отворено зборуваше во медиумите. Приновата е вистинска круна на љубовта меѓу Сања и нејзиниот сопруг со кој е во брак повеќе од […]