fbpx

Цела естрада на свадба кај Миро: Каков спектакл, младенците „шизат“ на рап (ГАЛЕРИЈА)

Топ-тема на социјалните мрежи вечерва е долгонајавуваната свадба на познатиот македонски водител Миро Кацаров.

Во неговиот роден Штип денеска допатува речиси цела естрада, а според фотографиите и видеата кои познатите ги споделуваат на „Инстаграм“ се добива впечаток дека гостите одлично се забавуваат.

Сите го коментираат спектакуларното појавување на младенците. Наместо класичен танц, тие „шизат“ на рап.

Ивана Јо во дует со Мартинијан Кириловски, Слаткаристика и Миле Кузмановски се само дел од пејачите кои се фатија за микрофон.

Едни од повеселите „селебрити“ гости на настанот се Жаре Бербер и Миа Костова.

Со својата појава вниманието дефинитивно го свртеа и колешките на Миро, Елена Најдоски и Лила Филиповска.

Домаќинот на шоуто „Голден карпет“ уште кога ја побара за жена саканата во Рим најави спектакуларна свадба со познати фаци.

Наместо да му носат букет цвеќе, тој ги замоли гостите да донираат во специјално поставената кутија на влезот од салата, а парите ќе бидат донирани, како што напиша, за дечиња на кои им е потребна помош.

Во јуни годинава, Кацаров ја запроси Ивана на плоштадот Пантеон. Додека вилонистот Виктор Ангелов ја свиреше легендарната тема Sarà Perché ti Amo, клекна и го извади прстенот.

„Го избравме Рим како вечен град-вечна љубов. Се запознавме сосема случајно, преку наш заеднички пријател. Прифатив се’ кај неа, и она што го имала зад мене. Знаев дека љубовта ќе победи, и победи”, раскажа водителот за „Еспресо“.

Следни Објави

Во 2008 година почина сестра ѝ, сега се повторно заедно: Естрадата тагува по 44-годишната пејачка

Почина пејачката Ајриш Гринстед на 44-годишна возраст. Таа беше членка на женската ар-ен-би група „702“, а тажната вест ја соопшти нејзината сестра. „Со голема тага морам да ве информирам дека вечерва почина мојата убава сестра и пријателка. Водеше долга битка и конечно е на мир. Таа девојка беше сјајна како […]